Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Италија на „Олимпико“ со 5-2 во претпоследниот дуел од квалификациите за ЕВРО 2024. Кобно беше првото полувреме, кога „аѕурите“ постигнаа три гола, а Столе Димитриевски одбрани и пенал.
Во вториот дел, Македонија со двата гола на Јани Атанасов се врати во живот, но, на крајот сепак загуби.
Матео Дармијан во 17.минута донесе водство за Италија откако со удар со глава постигна погодок наоѓајќи се на вториот дирек.
Во 40.минута, беше досуден пенал за „аѕурите“ откако Никола Серафимов играше со рака во шеснаесетникот. Но, Столе Димитриевски го сочека Жоргињо и успеа да го одбрани неговиот удар.
Само една минута подоцна, Федерико Киеза со шут од 20 метри го совлада Столе Димитриевски за 2-0, а во судиското продолжение од првиот дел постигна уште еден гол за убедлива предност за Италија на одморот.
Во вториот дел, многу подобра игра на Македонија. Во 52.минута, Јани Атанасов постигна гол со глава, откако во петерецот одлично реагираше по центаршутот на Алиоски.
Во 74.минута, Јани Атанасов испрати „бомба“ од 25 метри, топката удри во Ачерби и уште еднаш го изненади Донарума.
Италија сепак го осигура триумфот со голот на Џакомо Распадори во 81.минута, а Стефан Ел Шарави го постави конечниот епилог, 5-2 во 94.минута.
За три дена, Македонија на арената „Тодор Проески“ ја пречекува Англија за крај на квалификацискиот циклус за ЕВРО 2024. Англичаните вечерва ја победија Малта на домашен терен со 2-0.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski