
Германскиот првак Баерн Минхен класично ја нокаутира Борусија Дортмунд во „Дер Класикер“ славејќи со 0-4. Тимот на Томас Тухел беше доминантен во текот на дербито и ја продолжува трката по лидерот Баер Леверкузен.
Дајот Упамекано и Хари Кејн по девет минути игра донесоа предност од 0-2, а Англичанецот до крајот на мечот комплетираше хет-трик постигнувајќи уште два гола во второто полувреме.
За Борусија Дортмунд ова е прв пораз сезонава во Бундес-лигата, но со 21 бод се наоѓа на четвртата позиција.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
