
Италијанскиот првак Наполи беше нокаутиран по првото полувреме на дербито со Милан, но успе да се врати во вториот дел и стигна до реми (2-2). Оливие Жиру беше кобен за „наполитанците“ на почетокот од дуелот.
Тој погоди со удар со глава во 22.минута, а само девет минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Мерет.
Во вториот дел, сепак, камбек на Наполи. Матео Политано во 50.минута ја врати надежта, а Џакомо Распадори во 63.минута по прекрасно изведен слободен удар израмни на 2-2.
Наполи во финишот остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Натан, но Квича Кварацкелија буквално во последниот напад можеше да обезбеди и победа. Сепак, Мајк Мењон го одбрани неговиот удар.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и го одигра првото полувреме од дербито, а потоа на неговото место влезе Џовани Симеоне.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
