
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, „потроши“ многу нерви на натпреварот против ФК Копенхаген во Лигата на шампионите. Англискиот гигант победи со 1-0 со голот на Хари Мегваер, а Андре Онана одбрани пенал во последните секунди за прва победа на тимот во елитното натпреврување оваа сезона.
„Сè се постигнува на потешкиот начин. Мислам дека тоа е во ДНК на Манчестер Јунајтед. Многу драматичен натпревар. На крајот бевме максимално нервозни, но го постигнавме посакуваниот резултат“, прокоментира Тен Хаг.
„Создадовме неколку шанси кои не ги искористивме. Добро е кога еден одбранбен играч ќе се вклучи во напаѓачките позиции и ќе постигне гол. Додавањето на Ериксен беше брилијантно. Можевме да постигнеме повеќе голови. Среќен сум што победивме и не примивме гол“, продолжи Холанѓанецот.
„Кога судијата досуди пенал за ФК Копенхаген, моравме да седиме и да чекаме Онана да одбрани. Тој го направи токму тоа на прекрасен начин. Знам колку е добар Андре, само во Јунајтед треба тоа да го покажува на секој натпревар. Доколку го има правилниот сетап и е фокусиран, ќе го прави тоа“, објасни Тен Хаг.
„Ќе размислуваме натпревар по натпревар. Нема лесни мечеви, посебно во ЛШ. Противникот одигра организирано и моравме многу да се трудиме за да стигнеме до победата. Ќе биде тешко и во Данска, особено ако не играме на високо ниво. За да ја минеме групата ни требаат уште најмалку две победи“, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
