Вардар „живна“ откако ја доби градската пресметка со Работнички. „Црвено-црните“ покажаа максимална борбеност и желба и тоа им донесе победа. Одличен мотиватор беше тренерот Александар Васоски, кој успеа да го излече најдоброто од својот тим.
Шампионот Струга ТЛ лесно го освои Ѓорче Петров и го „смени“ тренерот на Македонија ЃП, а Шкупи минимално славеше против Брегалница. Брера освои бод во Тетово против Шкендија, а ремизираа и Гостивар и Воска. Силекс благодарејќи на Марјан Ристовски дојде до три бода против Тиквеш.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 11.коло во Првата фудбалска лига. Го предводи тренерот на Вардар, Александар Васоски.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА 11.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА
- АРТАН ИЉАЗИ (ШКУПИ)
- НЕНАД МИШКОВСКИ (ВАРДАР)
- ДАРКО ИЛИЕСКИ (ШКУПИ)
- ВАНЃЕЛ ЗГУРО (СТРУГА ТЛ)
- ДАРКО МИЦЕВСКИ (ВАРДАР)
- АЛПЕР ПОТУК (ГОСТИВАР)
- АДЕНИС ШАЛА (ШКЕНДИЈА)
- ЛЕО АНТОНИО (БРЕРА)
- МАРЈАН РИСТОВСКИ (СИЛЕКС)
- АЛЕКСА МАРУШИЌ (ВОСКА)
- БЕСАРТ ИБРАИМИ (СТРУГА ТЛ)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski