
МАКФУДБАЛ во Прага,
Никола Ѓуровски
Македонија и вторпат загуби од Украина (2-0) во овој квалификациски циклус, и повторно има за што да жали. На првиот меч во Скопје имавме два гола позитива и загубивме, а денеска во Прага имавме „сто шанси“ и не дадовме гол.
Селекторот Благоја Милевски вели дека е разочаран од резултатот, но и дека горд на реакцијата на фудбалерите, посебно по првиот примен гол.
„Честитки за двете селекции што покажаа на теренот. Мислам дека сите што беа на стадионот уживаа, затоа што двете селекции покажаа дека играат добар фудбал. И по таков примен прв гол успеавме да се вратиме. На почетокот на вториот дел направивме некои системски измени, имавме шанси кои за жал не ги искористивме, а кога нема да се искористат шансите, неминовен е поразот. Секогаш пред мечот имам план А. Ако тој не функционира, имаме план Б, план Ц. Примивме еден несреќен гол, но потоа брзо реагиравме и имавме неколку шанси за погодок. Разочаран сум најмногу од резултатот. Остануваат уште два меча против англија и Италија. Останува да играме фудбал и ќе видиме што ќе ни донесе тоа“, изјави Благоја Милевски на прес – конференцијата по мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Наполи е повторно на тронот во Италија (ВИДЕО)

Интернационалци
Димитар Митровски, избран во „Тимот на сезоната“ во Хрватска
