Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, ги критикуваше навивачите кои го исвиркуваа Џордан Хендерсон на мечот против Австралија.
Легендарниот капитен на Ливерпул летово му се приклучи на Ал-Ахли, но сѐ уште има важна улога за Саутгејт на теренот и надвор од него.
„Не можам да ги разберам свирежите за Хендерсон, играч со 79 натпревари за Англија. Неговата посветеност и сѐ што направи за Англија е надвор од сите граници. Неговата улога на и надвор од теренот е од огромна важност. Навистина не можам да ги прифатам и да ги разберам тие кои го исвиркуваа“, истакна Саутгејт.
Во пријателски натпревар Англија пред своите гледачи ја победи Австралија со 1-0, со голот на Оли Воткинс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













