
Нова сезона, стара приказна, повреди ја осакатуваат Барселона и тоа во критичните моменти. Голем број играчи во тимот на Чави се повредија минатата есен на репрезентативните паузи во септември и октомври, а истото се случува и на стартот од оваа сезона.
Претходно се повредија Педри и Френки де Јонг, а потоа им се придружија Рафиња и Роберт Левандовски. За жал, на оваа пауза со повреди се здобија Жил Кунде, Ламин Јамал и Алехандро Балде, исто така стандардни првотимци на Чави.
За среќа Јамал и Балде ќе паузираат десет дена. Треба да бидат подготвени за „Ел Класико“, но на Чави ќе му биде тешко да состави тим за силниот дуел против Атлетик Билбао следниот викенд.
Сигурно е дека сите седум споменати играчи ќе го пропуштат тој натпревар, што е навистина премногу.
Посебен проблем е отсуството на Балде, бидејќи Маркос Алонсо ќе мора да го чува брзиот Ињаки Вилијамс.
По Атлетико, на 28 октомври ќе има меч од Лигата на шампионите со Шахтјор, а потоа „Ел Класико“ на „Монжуик“.
Чави се надева дека Рафиња, Левандовски и Педри ќе бидат подготвени за Реал, додека Кунде и Де Јонг сигурно нема да бидат на теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
