Аурелио Де Лаурентис се обидува да ја спаси сезоната од неговата лоша и погрешна одлука да го замени Лучијано Спалети со Руди Гарсија.
Италијанските медиуми пренесуваат дека првиот човек на клубот Де Лаурентис денеска ќе има разговор со Гарсија и дека не е исклучена разделба.
Наполи е само петтопласиран на табелата со 14 бодови, седум помалку од Милан и пет зад Интер, но исто толку голем проблем е што Руди Гарсија е во лоши односи со првите ѕвезди Хвича Кварацкелија и Виктор Осимен. Исто така, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас речиси и да не добива шанса за настап.
Се шпекулира дека главни кандидати за клупата на Наполи се Игор Тудор и Грем Потер.
Тудор имаше солидни резултати со Олимпик Марсеј, но како и многумина не се согласуваше со раководството и сѐ уште бара работа.
Иста е ситуацијата и со Грем Потер, кој е без работа откако го напушти Челси.
Англичанецот правеше чуда во Брајтон, но Челси не беше средина за неговата филозофија и разделбата беше неизбежна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













