Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала, ќе биде надвор од терените еден месец поради повреда на левото колено, соопштија од клубот.
Сепак, во Рома им олесна, откако дополнителните прегледи на Аргентинецот покажаа дека тој нема посериозно оштетување на лигаментите на левото колено, поради што ќе требаше да се прави операција и ќе предизвикаше негово долго отсуство од терените.
Пауло Дибала се здоби со повреда на победата на Рома на гости кај Каљари со 1-4. Дибала беше принудно заменет во 40. минута од натпреварот со Андреа Белоти. Тој ќе ги пропушти и натпреварите на репрезентацијата на Аргентина против Парагвај и Перу.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













