
Алон Шамли, тренер на младинските категории на Хапоел Тел Авив, загина во престрелка во Египет. „БНН Нетворк“ пишува дека полицаецот пукал во израелски туристи, меѓу кои и Шамли. Мотивот за пукањето не е познат, а Шамли е убиен.
Трагедијата дополнително ги потресе Израелците кои војуваат со милитантите на Хамас,
Израелскиот клуб објави соопштение на социјалните мрежи.
„Алон Шамли, еден од тренерите на академијата, беше убиен утрово во напад во Египет. Тој живееше во Бат Јам и беше професот по физичко образование во градското училиште. Тој се приклучи академијата на Хапоел пред година и пол, а минатата сезона беше тренер на третата детска екипа и беше асистент во првата.
Беше учител и вистински спортист, скромен и со многу страст за фудбалот. Прекрасно се однесуваше со децата, а играчите и стручниот штаб го сакаа. На прво место ги стави образованието, здравиот живот и професионалноста. Хапоел Тел Авив изразува сочувство до сопругата и семејството на Алон“, објави клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
