Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали настапот на неговиот тим на дуелот против Манчестер Сити. „Топчиите“ победија со 1:0 и се израмнија на врвот на табелата во Премиер – лигата со Тотенхем.
„Горд сум на тимот. Оваа победа дојде во вистинско време. Знаевме дека мора да се бориме напорно и го направивме тоа. Силен настап е еден услов, но ни требаше и поддршка од публиката. Навистина голема победа“, изјави среќниот Артета.
„Ми се допадна како го започнавме второто полувреме. Бевме доволно агресивни. Ни помогнаа и замените. Покажавме храброст и донесовме правилни одлуки. Во ситуација пред голот делувавме перфектно. Против тим како Манчестер Сити, не може да не биде тешко. Важно е да играте со самодоверба и да не дозволите емоциите да ве надвладеат“, истакна менаџерот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













