Connect with us

Блатер: Апсурдно е Светско првенство да се одржува во шест земји и на три континенти

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го критикуваше одржувањето на Светското првенство во 2030 година во шест земји и на три континенти.


ФИФА одлучи Светското првенство во 2030 година да се одржи во Шпанија, Мароко и Португалија, а првите натпревари во тоа натпреварување ќе се играат во Уругвај, Парагвај и Аргентина.

„Апсурдно е да се организира Светското првенство на ваков начин. Финалето на Светското првенство мора да биде компактен настан“, изјави Блатер за швајцарски „Блик“.

„Од историски причини Светското првенство во 2030 година мораше да и биде доделено на Јужна Америка“, заклучува Блатер за Светското првенство кое се одржува 100 години по првото Светско првенство што се игра во Уругвај.

Блатер беше на чело на ФИФА од 1998 до 2015 година, а потоа беше сменет поради вмешаност во корупција.

Последното Светско првенство се одржа на крајот на 2022 година во Катар, а следното во 2026 година е предвидено за Мексико, САД и Канада.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови