Connect with us

Одложени се сите фудбалски натпревари во Израел

Натпреварите на репрезентациите на Израел во наредната недела ќе бидат одложени. Причината е прогласената вонредна состојба во земјата поради војната во ветената земја.


Вчера палестинската воена организација Хамас започна војна против Израел, навлегувајќи на територијата на земјата и истрелајќи над 5.000 ракети. Има многу заробени израелски граѓани.


Државата Израел одговори со воздушни напади врз 21 палестинска цел во Појасот Газа.

Внатрешната команда на Израел стави портокалова ознака за опасност на поголемиот дел од пустината Негев.


Сите спортски активности се прекинати, а спортистите од другите држави ја напуштаат земјата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови