Connect with us

Меси се враќа во Барселона на позајмица во текот на зимата?

Барселона сѐ уште не се откажува од идејата својот најдобар играч во историјата повторно да го види во дресот во кој се прослави. Клубот ја разгледува можноста да го доведе на позајмица до лето во зимскиот преоден рок доколку неговиот тим Интер Мајами не успее да се пласира во плејофот на МЛС, пишува каталонски „Спорт“.


Мајами моментно е пет бода надвор од плеј-оф зоната во Источната конференција, а има уште три натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната. Дури и во случај на сите три победи, ќе требаше да се погодат многу други резултати, а веќе вечерва се чека пресметката со лидерот на конференцијата Синсинати.

Меси ги пропушти последните четири натпревари поради повреда, а тренерот Тата Мартино во неколку наврати изразува загриженост за неговата премора откако пристигна во Америка. Се уште не се знае дали ќе биде подготвен за вечерва, но Меси е повикан во репрезентацијата на Аргентина за натпреварите против Парагвај и Перу кон средината на месецот, па се чини дека е блиску до враќање на теренот.

Доколку Интер победи во плеј-офот, сезоната на Меси би можела да трае до 9 декември и финалето на МЛС Купот, а „Спорт“ пишува дека во тој случај неговото враќање во Барселона нема да биде опција. Тој исто така додава дека двата клуба сѐ уште официјално не разговарале за опцијата за позајмица.

Сепак, можно е Меси наскоро да заигра на својот стар стадион, барем во дресот на својот американски клуб. Хорхе Мас, косопственик на Интер заедно со Дејвид Бекам, неодамна зборуваше за потенцијален пријателски натпревар во Барселона.

„Заминувањето на Меси од Барселона не помина како што сакаше. Тој не можеше да се збогува со клубот кој го пречека како момче и мислам дека околностите не беа онакви какви што сакаше. Му ветив дека ќе направам сѐ за да му дадам можност да се збогува во годините што доаѓаат од неговите тамошни обожаватели“, рече Мас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови