Connect with us

Лајпциг го продолжи договорот со капитенот

Договорот на централниот дефанзивец на Лајпциг, Вили Орбан, е продолжен до летото 2027 година, соопштија од клубот. Унгарецот кој моментално се опоравува од тешката повреда пристигна во Лајпциг летото 2015 година и доколку го исполни договорот ќе мине 12 сезони во тимот на „биковите“.


„Вили Орбан е неверојатен играч и личност. Како клуб и како тим можеме само да бидеме среќни што тој е тука“, рече Рувен Шредер, спортски директор на Лајпциг.

Продолжувањето на договорот на Орбан е за две години. Тој во моментот се опоравува од тешка повреда која подолг период го оддалечи од терените.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови