Connect with us

Оли Воткинс останува во Астон Вила до 2028 година

Напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс, потпиша нов договор со клубот. Неговиот претходен договор беше до 2025 година, а сега се обврза да остане во Бирмингем до 2028 година.

27-годишниот фудбалер има седум гола од почетокот на сезоната во сите натпреварувања, постигнувајќи два хет-трика.

Воткинс пристигна на „Вила Парк“ од Брентфорд во 2020 година и веќе има 50 гола за Астон Вила. Оваа недела тој беше повикан во селекцијата на Англија за претстојните натпревари во квалификациите за ЕВРО 2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови