Connect with us

Погба е позитивен и на вториот примерок од допинг-тестот, го чека долгогодишна суспензија

Францускиот фудбалер Пол Погба (30) е позитивен и на вториот примерок од допинг-тестот и сега дефинитивно се соочува со голема суспензија која можеби ќе значи и крај на неговата кариера.

Подба падна на допинг тест пред неполн месец, објави тогаш италијанската новинска агенција АНСА.

Фудбалерот на Јувентус беше позитивен на „тестостерон“ по стандардниот допинг – тест кој го направи по мечот со Удинезе во август. Сега пристигна примерокот за повторно тестирање и повторно беше позитивен.


Италијанскиот гигант го напушти гостувањето на „Дачија Арена“ со три бода и голема победа од 0-3, а Погба целиот натпревар на 20 август го следеше од клупата за резерви. Тој во следните два натпревари имаше два настапи од клупата против Болоња и против Емполи, но секако влезе во големи проблеми откако беше позитивен на тестот.

Сега Погба го чека голема казна, а италијанските медиуми шпекулираат дека би можело да работи суспензија од четири години. Ваквата казна веројатно би значела и крај на кариерата за францускиот репрезентативец. Допрва ќе треба да се почека официјалната одлука за казната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови