Connect with us

Шенол Ѓунеш поднесе оставка во Бешикташ

Тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш, поднесе оставка по поразот од Лугано (2-3) во второто коло од групната фаза во Конференциската лига. Бешикташ до 80.минута имаше предност од 2-0, но на крајот загуби со 2-3.


Бешикташ не е во најдобра ситуација и во првенството на Турција. Со 13 бода се наоѓа на четвртото место и заостанува осум бода зад лидерот Фенербахче.

Ѓунеш претходно дојде во Бешикташ во октомври 2022 година, кога го започна вториот мандат во клубот, кој го водеше од 2015 до 2019 година. Работеше и како селектор на Турција, во Бурса, Трабзон, Сеул, Сакаријаспор и Анталијаспор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови