Connect with us

КЛ: Балкани го тресна Динамо Загреб (ВИДЕО)

Косовскиот тим Балкани оствари голем триумф (2-0) над Динамо Загреб во второто коло од групната фаза во Конференциската лига. Стефан Ристовски поради повреда е надвор од тимот, а Аријан Адеми не е пријавен за европските натпревари на Динамо.


Балкани го отвори резултатот во 44. минута, преку Алмир Криезиу, а вториот гол беше дело на Валид Хамиди, екс играчот на Шкупи, во 83.минута.

Лугано на гости го совлада Бешикташ со 2-3, иако Турците водеа со 2-0 со двата гола на Абубакар.

Но, Бешикташ доби црвен картон, а во финишот Лугано со головите на Алиседа и на Влади и автоголот на Баи дојде до голем пресврт.

Клаксвик од Фарски Острови ремизираше без голови против Лил. Плзен ја победи Астана со 1-2), Гент го победи Макаби со 2-0, а славеа и Слован Братислава, Зорја и Клуб Бриж.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови