
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, бил најдолго на теренот меѓу елитните играчи во изминатата година, соопшти Меѓународната асоцијација на професионални фудбалери (ФИФПро). 29-годишниот капитен на „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 6.666 минути во 72 натпревари помеѓу 15 септември 2022 и 15 септември 2023 година за Манчестер Јунајтед и за Португалија.
ФИФПро пресмета дека Фернандеш бил на теренот 29.486 минути од крајот на Светското првенство во Русија во 2018 година.
Ајтана Бонмати од Барселона е на првата позиција кај жените со 242 одиграни натпревари од јули 2018 година.
„Интензивниот обем на работа останува едно од најважните прашања за фудбалерите на натпреварувањата на највисоко ниво. Календарот продолжува да се шири и нема доволно заштитни мерки за заштита на здравјето, благосостојбата и долговечноста во спортот на играчите“, рече претседателот на ФИФПро, Дејвид Агансо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
