Светскиот шампион со Аргентина, Алехандро Папу Гомеш, кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот калчолигаш Монца. 35-годишниот офанзивен играч за врска е слободен играч по заминувањето од Севилја ова лето.
Тој ќе биде ангажиран во Монца како замена за тешко повредениот Џанлука Капрари.
Двете страни постигнаа начелен договор, а Италијанците веќе ги закажаа медицинските прегледи за играчот од средниот ред.
Папу Гомеш има огромно искуство во Калчото, играјќи за Катанија и за Аталанта од 2010 до 2021 година, со една година пауза кога беше дел од Металист Харков. Во изминатите две и пол години, играчот од средниот ред беше дел од Севилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













