Најдобриот стрелец на Реал Мадрид од почетокот на сезоната, Џуд Белингем, е подготвен за дербито со Атлетико Мадрид в недела навечер. Откако вчера го пропушти тренингот на тимот поради стомачни проблеми, се стравуваше дека нема да се опорави за пресметката со градскиот ривал.
Сепак, денеска, Англичанецот беше на линија и целосно се вклучи во активноста на тренингот.
На утринскиот тренинг учествуваше и Винисиус Жуниор кој во изминатиот период се опоравуваше од повреда. Сепак, тој речиси сигурно нема да биде во составот. Истото важи и за новото засилување од Турција, Арда Ѓулер, кој исто така досега се опоравуваше од повреда.
Дани Карвахал сигурно е во аут за дербито, како и сериозно повредените Едер Милитао и Тибо Куртоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













