Мехо Кодро по само два натпревари е разрешен од клупата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Прво победи со 2-1 против Лихтенштајн, а потоа загуби со 1-0 од Исланд.
На Кодро му беше втор мандат на клупата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а интересно е што првиот пат, во 2008 година, исто така издржа само два натпревари. Потоа тој беше отпуштен кога протестираше што БиХ организираше пријателски натпревар со Иран без негова дозвола.
Како можен наследник на Кодро се споменува Вахид Халилхоџиќ, кој е без работа откако минатата година беше отпуштен од селекторската функција на Мароко.
Со поразот од Исланд, Босна и Херцеговина речиси и да нема шанса за директен пласман на ЕП, но сепак може да ги мине дополнителните квалификации кои ги освои со освојувањето на првото место во Лигата на нации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













