
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го пофали Џуд Белингем за уште еден важен гол со „кралскиот клуб“. Англискиот репрезентативец постигна гол во четвртата минута од судиското надополнување против Унион Берлин и му донесе победа на Реал од 1-0 на првиот меч од Лигата на шампионите.
„Второто полувреме беше подобро за нас. Добро е што овојпат не примивме гол. Унион Берлин речиси и да не ни остави празен простор. Белингем има класа, а среќата е со него затоа што секогаш се наоѓа на вистинското место, како и против Хетафе. Кога напаѓа од втор план е многу опасен. Ја користи својата интелигенција и тоа му помага“, изјави Анчелоти.
„Нашиот тимски дух е на многу високо ниво. Секој што го носи дресот на Реал мора да има менталитет на победник“, продолжи Италијанецот.
„Сигурно ни недостасува Винисиус бидејќи тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Тој знае да направи разлика. Хоселу заврши одлична работа и можеше повторно да постигне гол. Со него сме поопасни во воздухот“, дополни Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
