Шпанскиот стратег Марселино, кој го презеде тимот на Олимпик Марсеј во текот на летото, „нема да ја продолжи својата мисија“, објави францускиот клуб.
Настаните во понеделникот, во кои здруженијата на навивачите на клубот побараа оставка од претседателот Пабло Лонгорија, „не дозволуваат Марселино и неговиот тим да ја извршуваат во добри услови функцијата за која беа ангажирани“, се вели во соопштението на Олимпик Марсеј.
Заминувањето на 58-годишниот тренер е официјализирано еден ден пред настапот на тимот во Лигата на Европа против Ајакс и четири дена пред дербито од Лига 1 против Пари Сен Жермен.
Клубот е многу разочаран што ќе остане без тренер и стручен штаб“, пишува во ставот на Олимпик Марсеј.
Марселино доби покана да го пополни тренерското место испразнето од Хрватот Игор Тудор на само 10 дена пред почетокот на тренинзите и непосредно пред натпреварите со Панатинаикос во Лигата на шампионите, по што тимот беше елиминиран од натпреварувањето.
Марселино го водеше Марсеј на само седум натпревари (3 победи, 3 нерешени и еден пораз).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













