Милан преку официјално соопштение објави повеќе информации за состојбата на голманот Мајк Мењан. Францускиот чувар на мрежата заработи повреда на синоќешниот натпревар со Њукасл и беше принудбо заменет од игра во 81. минута со Марко Спортиело.
Според информациите кои „росонерите“ ги пренесоа на својата официјална веб-страница, во оваа фаза нема ништо загрижувачки вести за голманот.
„По истегнување на левиот бутен мускул синоќа против Њукасл, Мајк Мењан утрово имаше магнетна резонанца која не покажа повреда. Неговата состојба ќе се проценува ден за ден“, објави Милан.
„Мењан рече дека чувствува нешто, иако не многу силна болка. Има премногу натпревари и јас сепак велам дека ризикот од повреди е превисок“, изјави тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, по натпреварот со Њукасл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













