
Иван Перишиќ заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено. Хрватскиот репрезентативец заработи повреда на без контакт на тренинг и набрзо ќе биде опериран, објави Тотенхем на своите официјални канали.
Тотенхем соопшти дека нема да смета на Перишиќ до крајот на актуелната сезона.
Перишиќ оваа сезона играше шестпати за Тотенхем, главно влегувајќи од клупата. Тој собра 169 минути и забележа две асистенции.
За хрватската репрезентација одигра 180 минути на натпреварите против Летонија (5-0) и Ерменија (1-0) и забележа две асистенции. Перишиќ во последните месеци се поврзуваше со враќање во Хајдук, а неговиот договор со англискиот клуб истекува во јуни 2024 година.
„Одличниот крилен напаѓач го повреди коленото на крајот од тренингот што го имаше со Тотенхем во вторникот. Последователните тестови покажаа дека се работи за посериозна повреда во која беа оштетени предните вкрстени лигаменти. Сега на Перишиќ му претстои операција, по која ќе следи неколкумесечно закрепнување. Пораки за поддршка на Перишиќ испратија претседателот на ХНС, Маријан Кустиќ, и селекторот Златко Далиќ“, објави веб-страницата на ХНС.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
