Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, во интервју за „Атлетик“ зборуваше за повеќе теми, вклучувајќи ги и трансферите во негово време. Тој призна дека не требало да го врати Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, но тогаш одлуката изгледала добра и логична.
„Враќањето на Роналдо беше опција која беше многу тешко да се одбие. Чувствував дека треба да ја искористиме шансата, но се покажа дека е грешка. Се чувствував многу убаво кога навивачите скандираа за него додека тој постигна два гола против Њукасл откако дојде на „Олд Трафорд“. Роналдо тогаш беше еден од најдобрите играчи во светот, изгледаше одлично. Но, тогаш работите тргнаа наопаку“, изјави Солскјер.
Манчестер Јунајтед не можеше да ги купи играчите што ги предложи Солскјер.
„Веднаш реков да го купам Халанд, пред тој да игра за Салцбург, и Деклан Рајс, кој немаше да не чини толку многу. Клубот немаше доволно пари по кризата предизвикана од коронавирусот“, објасни Норвежанецот.
Сега и двајцата играат за големите конкуренти, Халанд е член на Манчестер Сити, а Деклан Рајс го носи дресот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













