Интер ја започнува својата нова сезона во Лигата на шампионите, а тренерот Симоне Инзаги се надева дека неговите играчи ќе можат да ја повторат силната серија од минатата сезона.
Италијанскиот тим стигна до финалето во јули, каде загуби со 1-0 од Манчестер Сити во Истанбул.
„Нероаѕурите“ се соочуваат со Реал Сосиедад во првиот натпревар од групата Д, барајќи силен почеток во најпрестижното европско клупско натпреварување.
„Тоа беше големо искуство. Оваа година стартуваме во Лигата на шампионите против силен тим. Ќе играме како минатиот пат, знаејќи дека ќе биде тешко да се повтори тоа што го направивме, но сепак сакаме да се обидеме повторно”, изјави Инзаги пред вечерашниот натпревар.
Интер отпатува во Шпанија по убедливата победа од 5-1 над Милан во првото градско дерби сезонава. Турскиот играч за врска Хакан Чалханоглу ќе биде недостапен за Инзаги поради истегнување на тетивата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













