Connect with us

Куп: Вардар на гости кај Беса, Кожуф ја пречекува Брера

Во натпреварите од 1/16 – финалето на Купот на Македонија се вклучуваат и прволигашите. Дел од нив денеска ќе имаат и сериозна задача, пред сѐ Вардар кого го очекува гостување кај Беса, како и Брера кој ќе биде гостин на Кожуф, лидерот во второлигашката конкуренција.


Од останатите прволигаши се очекува да ја оправдаат фаворитската улога. Шкупи е гости на Коњаре, Работнички ќе му гостува на Тетекс, а Брегалница оди на мегдан на Новаци.

Се игра еден натпревар, а доколку во регуларниот тек резултатот биде нерешен, веднаш се изведуваат пенали.

На 12-те победници во осминафиналето ќе им се приклучат тимовите на Македонија ЃП, Силекс, Шкендија и Струга ТЛ, кои како лански полуфиналисти одат директно во следната рунда.

ДВОЈКИ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ (Денеска, 15 часот)

БЕСА – ВАРДАР


КОЊАРЕ – ШКУПИ

ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ

КОЖУФ – АП БРЕРА

ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР

АРСИМИ – ТИКВЕШ

БАШКИМИ – СКОПЈЕ

БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР

ЈАНГ ТИМ СТРУГА – ПОБЕДА

КАРБИНЦИ – ВОСКА СПОРТ

НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА

ОХРИД – ДЕТОНИТ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови