Михал Пробиеж доаѓа на местото на Фернандо Сантош на функцијата селектор на полската репрезентација, соопшти фудбалската федерација на оваа земја.
Полска се раздели со португалскиот стратег Фернандо Сантош минатата недела по поразот од Албанија со 2-0 во квалификациите за ЕП 2024.
„Михал Пробиеж е назначен за селектор на полската репрезентација. Тоа е најдобриот можен избор. Му посакувам среќа на новиот селектор“, се вели во соопштението на претседателот на федерацијата, Цезари Кулеша.
Полска е четврта во поредокот од групата Е со шест бода од пет натпревари. Тимот заостанува четири бода зад лидерот Албанија и два зад Чешка и зад Молдавија.
Поранешниот селектор на Полска до 21 година, Михак Пробиеж, ќе дебитира на следниот квалификациски натпревар во октомври, кога Полјаците ќе патуваат на Фарските Острови пред да ја пречекаат Молдавија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













