
Поразот на Манчестер Јунајтед од Брајтон предизвика сериозни скандали во соблекувалната на тимот, пренесува британскиот таблоид „Сан“. Изданието тврди дека Бруно Фернандеш разговарал со висок тон со Скот МекТоминај, кој беше еден од најслабите за својот тим на теренот.
Централните дефанзивци Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф, исто така, се судриле по нивната слаба координараност во центарот на одбраната. По ова, менаџерот Ерик тен Хаг се обидел да воспостави ред во соблекувалната и да ја смири тензијата по тешкиот пораз.
Во меѓувреме, легендата Гери Невил, исто така, ја доведе во прашање атмосферата во соблекувалната на тимот, особено по неколку последователни недели на висока тензија околу различни играчи на „црвените ѓаволи“ и нивните потивки или погласни конфликти со холандскиот тренер.
53-годишниот Холанѓанец не може да смета на тројца крилни напаѓачи откако Ентони и Џејден Санчо беа надвор од теренот поради различни дисциплински проблеми, а Мејсон Гринвуд беше испратен на позајмица, иако првичниот план на раководството беше тој да се врати во првиот тим. Во меѓувреме, на Хари Мегваер му беше одземена капитенската лента на почетокот на претсезоната.
„Колку е популарен Санчо во соблекувалната? Колку е популарен Мегваер? Тен Хаг има некои грешки кои не знаеме каква непријатност и неизвесност создаваат. Имате играч кој до вчера беше дел од првиот тим, но сега е испратен во академијата. Го имате Хари кој беше капитен до пред 12 месеци и сега е речиси надвор од тимот и е трет, четврти или дури петти избор. Се надевам дека ова е само тежок почеток на сезоната и нема да се повтори она што го видовме претходно – кога работите станаа многу тешки за Жозе Мурињо, Луј ван Гал, Дејвид Мојес, Ралф Рангник и Оле Гунар Солскјер“, изјави Гери Невил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
