
Навивачите на Осасуна го исвиркаа напаѓачот на Хетафе, Мејсон Гринвуд, во натпреварот од петтото коло во Ла Лига (2-3). Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед се појави на теренот во 77. минута од средбата.
Гостинските навивачи му „честитаа“ на Гринвуд со скандалозни скандирања, повикувајќи го да умре.
Тој немаше играно од јануари 2022 година поради случајот со насилство над неговата девојка.
Откако играчот беше ослободен од обвиненијата, Манчестер Јунајтед не се осмели да го врати Англичанецот во тимот.
Хетафе има 7 бодови и се наоѓа на 9. место во поредокот во Ла Лига. Осасуна е на 12. место со 6 бодови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Интернационалци
Агон Елези донесе важен триумф за Горица (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Комо го тресна Наполи (ВИДЕО)
