Фудбалерите на Рома стигнаа до првата победа дури во четвртото коло во италијанската Серија А. Во Рим, Емполи беше „уништен“ со резултат 7-0, а Рома одигра одличен натпревар.
Конечно, Жозе Мурињо можеше да смета на сите свои адути, на теренот беа Дибала, Лукаку, Ренато Санчез, Паредес, Кристанте, Спинацола, а тоа значеше и полна мрежа за гостите.
„Волчицата“ реши се во воведните десет минути, кога со молскавична брзина стигна до 2-0, а подоцна Емполи доживеа вистински дебакл.
Дибала веќе во втората минута реализираше пенал за 1-0, а Ренато Санчез го удвои водството во осмата минута, кога по центаршутот на Кристенсен со глава ја упати топката во мрежата.
Во 35. минута беше 3-0, а стрелец на автоголот беше Граси.
Во вториот дел рутинска игра на Рома и мајсторија на Дибала во 55. минута.
Аргентинецот доби убаво додавање од Кристанте, а потоа измрда двајца стопери на Емполи и со ефектен удар ја затресе мрежата, за 4-0.
Фудбалерот од средниот ред на Рома, Брајан Кристанте, својата блескава партија ја круниса со фантастичен гол во 55. минута, за 5-0.
Стрелец во дресот на Рома беше и Ромелу Лукаку во 82. минута, додека конечните 7-0 ги постави стоперот Манчини во 86. минута.
Рома сега има четири бода и се наоѓа на 12. место на табелата, додека Емполи е без бодови и е закован на последното место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













