Интер убедливо го доби градското дерби против Милан, победувајќи со 5-1. „Нероаѕурите“ беа бескомпромисни во секој аспект од нивната игра, а тренерот Симоне Инзаги ги пофали играчите за нивниот висок дух и паметна игра.
„Добро го започнавме натпреварот и ја задржавме концентрацијата во текот на целиот период, постигнувајќи голови во вистинските моменти. Им честитам на момците за начинот на кој ја започнаа сезоната. Драго ни е што на навивачите им дадовме причина за славење. Минатата сезона ги добивме сите четири дербија за да кренеме трофеј и да стигнеме до финалето на Лигата на шампионите за првпат по 13 години. Направивме само еден чекор, има уште многу да се оди до крајот. Минатата сезона освоивме два трофеи и стигнавме до финалето на Лигата на шампионите – тоа ни помогна уште повеќе да веруваме во себе. Сега треба да докажеме дека минатогодишниот успех не беше случајност“, изјави Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













