Барселона го совлада Бетис со 5-0 во петтото коло на шпанската Ла Лига. Стратегот на Каталонците, Чави Ернандез, беше особено импресиониран од победата на својот тим, но и остана критички настроен кон играта на играчите.
„Не би рекол дека одигравме перфектно, има многу работи кои треба да се подобрат. Но, сепак имавме одличен меч. Задоволен сум што играчите играат со радост. Среќен сум, имаше многу убави чувства. Бевме брилијантни на моменти. Доминиравме против Бетис и се обидовме да ги минимизираме нивните можности. Морам да му оддадам признание на Феран Торес. Во текот на летото ми рече дека сака да остане. Ја видов неговата амбиција и сите веруваа во него. Од друга страна, го имаме Левандовски, за кого имате чувство дека многу тешко излегува од форма. Ја дава целата своја душа, има интензитет, вложува многу страст во играта. Им дава карактер на другите. Во пракса тој е срцето на тимот“, изјави Чави.
Барселона во моментот со четири победи и едно реми се наоѓа на врвот на табелата со 13 бода, но Реал Мадрид вечерва го игра својот меч против Реал Сосиедад.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













