Еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Тома Георгиевски, кариерата ја продолжува во италијанскиот клуб Џенова.
16-годишниот Георгиевски, кој е производ на фудбалската школа Њу Старс од Скопје, стави потпис со Џенова.
„Тома ја започна својата фудбалска кариера на 6-годишна возраст во фудбалскиот клуб Њу Старс, каде ги направи првите чекори на фудбалскиот терен. Заедно со своите соиграчи, уште од детската школа, напредуваа во младинци и оваа година го освоија и младинскиот Куп на Македонија и со тоа станавме младински шампиони на Македонија. Сето ова е благодарение на нашите современи тренинг процеси уште од најмала возраст, кои ги прават нашите сертифицирани тренери. Затоа се повеќе фудбалери од младинските категории, но и од сениорските категории стануваат цел на големите европски клубови, меѓу кои се Интер, Милан, Ница, Џенова, како и Динамо Загреб, Црвена Звезда, Партизан… Му посакуваме многу успех на Тома во Џенова, а сигурни сме дека ќе има богата фудбалска кариера и гордо ќе ја претставува Македонија каде и да оди“, објавија од Њу Старс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













