Реал Мадрид размислува за понуда за напаѓачот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез. Шпанскиот печат пишува дека „кралевите“ ја продолжуваат својата идеја за привлекување на таленти од цела Европа како дел од нивниот долгорочен план.
Последниот ваков трансфер на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд брзо се исплатеше. Англискиот репрезентативец постигна гол на секој од првите четири натпревари за Реал и се наметна како клучен играч.
Шпанскиот гигант на лето ќе ја тестира одлучноста на Манчестер Сити да го задржи шампионот со селекцијата на Аргентина.
23-годишниот Алварез постигна 17 гола во првата сезона со „граѓаните“. Аргентинецот има договор со Англичаните до 2028 година, а неговата цена моментално е околу 60 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













