Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Илкај Гундоган, ја откри причината поради која го напушти Манчестер Сити летото.
Германскиот интернационалец беше меѓу главните играчи на „граѓаните“ и беше основата за освојување на историската тројна круна. И покрај тоа, договорот не му беше обновен и тој замина на слободен трансфер.
„На Манчестер Сити му требаше предолго да преговара за нов договор, доколку ми се обратеа порано, веројатно ситуацијата ќе беше поинаква. Но, сепак тоа беше совршено збогување. Не можев да заминам во подобро време. Исто така, мојот детски сон беше да играм за Барселона“, изјави Гундоган.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













