Македонија успеа да остане непоразена против европскиот првак играјќи 1-1 против Италија во Скопје. Елиф Елмас е пресреќен поради освоениот бод, но и засрамен затоа што натпреварот се играше на таков катастрофален терен.
„Секогаш е тешко да се игра против европски првак, но ние бевме тактички дисциплинирани, знаевме кои се силните страни на Италија и мислам дека добро ги неутрализиравме. Одигравме натпревар за респект. Во првиот дел немавме многу напади, но ја имавме шансата на Миовски. Кога примивме гол тргнавме во напад да се надигруваме. Дојде голот на Барди, а можевме да постигнеме и уште еден гол. Морам да кажам дека теренот беше катастофален, вакви услови едноставно не се дозволени во Европа. Сакам да им се извинам на Италијанците што играа на ваков терен и добро е што не се случија некои поголеми повреди. Сега треба да се насочиме кон мечот со Малта, затоа што тоа е исто така многу важен наторевар на кој мора да ги освиоиме трите бода“, изјави Елмас.
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска патува за Малта, каде во вторник го игра следниот квалификациски натпревар за ЕВРО 2024.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski