
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ја пречекува Италија во Скопје, во нов натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. Ривал е големата Италија, која има и дополнителни мотиви за „реванш“ по дебаклот што им го нанесовме во Палермо.
„Аѕурите“ имаат и нов селектор, Лучијано Спалети, кој го предводеше Наполи до титулата и потоа одлучи да замине од Неапол.
Италијанските медиуми најавуваат дека Лучијано Спалети ќе ја промени формацијата на Италија во 4-3-3, а во стартниот тим треба да истрчаат: Донарума – Ди Лоренцо, Мансини, Бастони, Димарко – Барела, Кристанте, Тонали – Политано, Имобиле, Закањи.
Прашање е како ќе може да се спротистави Македонија. Печат сѐ уште оние два порази во јуни, од Украина дома (2-3) и од Англија на гости (7-0), но, сепак, оставени се во минатот, затоа што предизвикот што го носи Италија е огромен.
Селекторот Благоја Милевски повторно има проблеми со составувањето на тимот.
Стефан Ристовски се откажа од националниот тим, Дарко Велковски е повреден, а Аријан Адеми не тренираше два дена бидејќи доби дозвола да замине во Загреб и да го комплетира трансферот назад во Динамо.
„Кога играте со противникот како Италија, не можеш да имаш резултатски притисок. Сепак, желбата за победа секогаш е присутна тоа нема дилеми дека постои. Двата претходни меча се минато, Украина и Англија се зад нас, не треба да се навраќаме на тоа. Италија доагја во Скопје пристигнува со нов селектор, исклучително квалитетен стратег кој што и сами знаете дека постигна огромен успех со Наполи. Мора да бидеме дисциплинирани, тактички одговорни. Да се ставиме сите во функција на тимот, само така ќе успееме да направиме нешто. Откако сум јас селектор, тоа во огромен дел од случајите ни успеало. Тимскиот дух, тимската игра ни донела успех. Тоа се истите момци, истите играчи, тие можат да го повторат тоа. Во ниту еден момент мечот против Италија во Палермо не е земен како подготовка за овој меч. Тоа беше бараж дуел, со друг противник во играчка смисла, но и друг селектор. Ова е сосема нов меч, со нова енергија, нов момент, нов момент. Енергија и мотив не ни недоставува“, вели селекторот Благоја Милевски.
Енис Барди е новиот капитен на Македонија, тој ќе ги поведе репрезентативците на вечерашниот дуел. Сите посакуваме позитивен исход.
„Ова за мене е многу емотивен момент. Да бидам капитен на Македонија е големо значење. Овде има многу лидери и капитени кои иако не ја носат капитенската лента, сепак, сите тие се носители на репрезентацијата. Горан Пандев и Стефан Ристовски направиле многу за оваа репрезентација, оставиле свој печат, Мораме да го следиме нивниот пример. Вртиме еден нов лист што се вели. Посакуваме позитивен резултат, секако дека нема да биде лесно но веруваме во себе“, истакна Барди.
Натпреварот меѓу Македонија и Италија се игра вечерва, со почеток во 20.45 часот, на арената „Тодор Проески“„ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
