Македонскиот прволигаш Брера ангажираше квалитетно засилување. Офанзивецот Матеј Цветаноски повторно е дел од струмичкиот тим.
Тој беше дел од тимот на Брера во во втората полуетапа од последниот шампионат, а сега повторно е ангажиравме за претстојната сезона и ќе го носи дресот со број „10“.
Станува збор за офанзивен крилен фудбалер кој зад себе има големо искуство како во македонскиот шампионат така и во странство. Има играно за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи како и за унгарски Ѓирмот како и албанскиот Партизани.
Минатата сезона Матеј Цветаноски за Брера одигра шест натпревари при што имаше една асистенција а во македонскиот шампионат зад себе има вкупно 158 настапи при што постигна 21 гол и 25 асистенции. Цветаноски своевремено беше дел и од младинските репрезентации на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













