Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за дуелот против Италија в сабота на арената „Тодор Проески“, а еден од оние што најдобро ги познава е Илија Несторовски, кој седум години е на „чизмата“ и сега потпиша договор со Асколи.
„Се подготвуваме за натпреварот против одличен ривал. Фокусирани сме на себе, да се подготвиме физички најдобро што е можно. Видовме дека можеме да играме со сите, освен веројатно со Англија. Сега фокусот е на Италијанците, а нашата цел се три бода. Со Спалети тимот добива нов систем, ќе игра 4-3-3, сите фудбалери ќе бидат мотивирани за докажување. Италија е силна, играчите играат во големи клубови. Го освоија Европското првенство, а потоа поради нас не се пласираа на Мундијалот, но силни се. Во плеј-офот, јас бев повреден, ама се слушав со моите соиграчи и тие беа пресреќни. Сепак, знаеме дека сега нè очекува поинаков натпревар“, вели Несторовски.
Натпреварот меѓу Македонија и Италија е закажан за в сабота, со почеток во 20.45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













