
Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг во пресрет на квалификациските натпревари против Италија и против Малта во овој септемвриски циклус. Јунскиот прозорец треба да се заборави, а напаѓачот Доријан Бабунски вели дека националниот тим има реновирана енергија.
„Секогаш е чест и гордост да се носи дресот на репрезентацијата на Македонија. Доаѓаме мотивирани, а се гледа една реновирана енергија. Верувам дека добро ќе се подготвиме пред натпреварите што нѐ очекуваат. Италија е светска велесила, а фудбалот не трпи историја, секој натпревар е нов. Голем дел од репрезентативците се искусни, си помагаме еден на друг, ќе работиме напорно и ќе се подготвуваме за претстојните мечеви. Ако сме со позитивна мисла и енергија, се надеваме на добро“, изјави Доријан Бабунски, кој непосредно пред доаѓањето во националниот тим, на клупски план од Унгарија се пресели во Швајцарија.
Македонија на 9. септември ќе игра против Италија во Скопје, а три дена подоцна следи дуелот против Малта во Ла Валета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
