
Тим менаџерот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон изјави дека Лучијано Спалети е „вистинскиот човек“ за функцијата селектор на репрезентацијата.
„Имам чувство дека Италија го најде вистинскиот човек за работата во вистинско време“, изјави Буфон на првата прес-конференција во новата функција.
„Имав можност да поминам време со селекторот и неговиот стручен штаб во претходните денови, слушнав дека разговарале за емоциите и вредностите за кои верувам дека се неопходни за да ја постигнеме нашата цел“, додаде Буфон, кој ја заврши својата професионална кариера на почетокот на август на возраст од 45 години.
Поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети, кој го наследи Роберто Манчини, првпат ќе ја предводи Италија против Македонија на 9 септември и против Украина три дена подоцна во квалификациите за ЕП 2024.
За ненадејната оставка на Манчини, кој во меѓувреме стана селектор на Саудиска Арабија, Буфон призна дека тоа било „неочекувана одлука“.
„Италијанската федерација реагираше брзо и ефикасно, тоа е важно за оние кои се грижат за репрезентацијата“, изјави Буфон.
Буфон, рекордерот по бројот на одиграни натпревари во италијанската репрезентација (176 натпревари), го наследи Џанлука Вијали, кој почина во јануари 2023 година, на чело на делегацијата.
„Никогаш нема да бидам на негово ниво. Само сакам да бидам она што отсекогаш сум бил, она што ги натера луѓето да ме ценат“, изјави светскиот шампион од 2006 година и европски вицешампион од 2012 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ренџерс му даде отказ на тренерот Филип Клеман
