Connect with us

Серхио Рамос потпиша за Севилја и побара прошка од навивачите (ВИДЕО)

Серхио Рамос сега повторно е дел од Севилја од каде замина пред 18 години. Дефанзивецот потпиша со тимот до крајот на сезоната со опција за уште 12 месеци.


37-годишниот светски и европски шампион пристигнува како слободен играч, а последен пат беше во Пари Сен Жермен.


Рамос призна дека направил грешки пред извесно време и побара прошка од навивачите на Севилја. Тој зборуваше за случаи кога како играч на Реал Мадрид дошол во конфликт со приврзаниците. Такви имало и во 2015, 2017 и 2019 година.


Деновиве Серхио Рамос доби понуда од Саудиска Арабија за плата од 20 милиони евра, но ја одбил во името на Севилја каде ќе заработува само милион евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови