Македонскиот првак Струга Трим Лум го победи Тиквеш со 3-1 во последниот меч од 6.коло во Првата фудбалска лига. Марјан Радески во 15.минута постигна гол „а ла Ибрахимовиќ“, откако зафати волеј од пеналтикот.
Шест минути подоцна Бесарт Ибраими од пенал зголеми на 2-0, а во 31.минута искусниот стрелец постигна уште еден погодок за убедлива предност.
Џемал Ибиши во 37.минута намали на 3-1. Потоа Тиквеш остана без Александар Вареловски, а во вториот дел и Струга ТЛ без Едис Малиќи.
Во 63.минута, Столе Димовски му одбрани пенал на Бесарт Ибраими и го спречи во намерата да стигне до хет-трик.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski