
Струга Трим Лум стигна до плеј-офот во Конференциската лига, но се сопна на последната пречка пред пласманот во групната фаза. Исландскиот Брејдаблик ги сопре стружани и ја грабна историјата, а тимот на Шпетим Дуро мораше да се задоволи и со ова достигнување кое за клубот секако е историски успех.
Искусниот напаѓач Бесарт Ибраими вели дека е време Струга ТЛ да се фокусира на домашните обрски.
„Имавме прекрасно патување низ Европа, задоволство е да се биде дел од најславната историја на Струга Трим Лум. Бевме многу блиску до групите од Конференциската лига, но фудбалот е таков, не успеавме и покрај големата желба да одиме понатаму. Сега целиот наш фокус ќе биде на домашното првенство, каде денеска нѐ очекува натпреварот против Тиквеш. Се надевам дека заедно со остатокот од тимот ќе го дадеме максимумот, со надеж дека трите бода ќе останат во Струга“, изјави Бесарт Ибраими.
„Нормално, европските натпревари се на сосема друго ниво, но сега се враќаме на реалноста, домашниот фудбал, каде што треба целосно да се фокусираме и да го дадеме максимумот од себе, со надеж и увереност дека можеме да го повториме ланскиот успех“, дополни искусниот голгетер.
Со денешниот натпревар меѓу Струга ТЛ и Тиквеш (16 часот) се заокружува 6.коло од Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
