Connect with us

Шкендија во дербито го пречекува Шкупи, Работнички гостува во Струмица кај Брера

Шкендија има максимален ефект и сака да го продолжи и на денешното дерби против Шкупи. Тоа се ривали кои и оваа сезона ќе се борат за највисок пласман.


Енур Тотре вели дека атмосферата е одлична и сите веруваат во нов успех.

„Имаме четири победи на стартот и тоа секако влијае на нашата самодоверба. Веруваме дека можеме да одиграме добар натпревар и против Шкупи и да ги освоиме трите бода“, вели Енур Тотре.

Брера го пречекува Работнички во Струмица. Двата тима сакаат да се вратат во победнички ритам по последните порази.

Тренерот на Брера, Џовани Валенти, вели дека тимот е подготвен за предизвикот.

„Играчите се максимално подготвени за предизвикот наречен „Работнички“ независно од поразот во Штип. Ја имаме анализирано нивната игра, тим во чии редови има млади и искусни играчи. Цела недела се подготвуваме и знаеме како да ја поставиме играта. Ќе има промени во првите 11-мина и сметам дека имаме играчи кои може да го одиграат целиот меч. Повторно во нашата екипа ќе има млади, најверојатно 7-8 играчи во кои верувам и сметам дека тоа ќе биде императив да дадат се од себе против Работнички“, изјави Џовани Валенти.

Вардар ја пречекува Македонија ЃП и ќе брка прва победа, додека Гостивар е домаќин на Силекс.

Воска во Охрид ќе игра против Брегалница, а натпреварот меѓу Струга ТЛ и Тиквеш е закажан за 4. септември.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО (16 часот)


ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

ГОСТИВАР – СИЛЕКС

БРЕРА – РАБОТНИЧКИ

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

ВОСКА – БРЕГАЛНИЦА

СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ (04.09)

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови